Американскиот претседател Доналд Трамп употребува царини како средство за надворешна политика, воведувајќи дополнителни давачки на индиските производи поради набавката на руска нафта од страна на Индија, изјави синоќа американскиот државен секретар за финансии, Скот Бесент, во разговор за „Фокс њуз“.
“Претседателот Трамп ги користи тарифите како алатка за надворешна политика, наметнувајќи секундарни тарифи на Индија поради нејзиното купување руска нафта,” рече секретарот за финансии.
На прашањето дали САД би можеле да применат дополнителни царини и на кинеската роба заради купувањето на руска нафта од страна на Пекинг, Бесант одговори дека Трамп ги држи сите можности отворени со цел да го запре конфликтот во Украина и дека “тарифите за Кина би можеле да се дискутираат во одреден момент.”
мс/фото: ЕПА