Почетна Убавина и здравјеСите коментираат како изгледаат и на кого личат! – Убавина и здравје

Сите коментираат како изгледаат и на кого личат! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Синовите на Роџер и Мирка Федерер, Лео и Лени, станале вистински мангупи

Откако ќерките на славната двојка Мила Роуз и Шарлин Рива им ја украле славата на родителите, поради фактот што пораснале во прекрасни девојки, сега на ред се и машките наследници на Роџер Федерер.

Доволно беше само малку да се смири фамата околу близначките, кои инаку тренираат тенис на академијата на Рафаел Надал на Мајорка, и одеднаш на социјалните мрежи се појавија и голем број фотографии од 12-годишните близнаци Лео и Лени.

Станале вистински фраери

Сите ги паметиме како мали, палави русокоси момчиња, кои во моментот кога заврши професионалната кариера на Федерер имаа само осум години. Мирка често имаше проблем да излезе на крај со нив, бидејќи постојано ја забавуваа публиката и гледачите со смешни изрази на лицето, но денес ситуацијата е потполно поинаква.

Инаку, ќерките повеќе личат на мајка им, додека синовите многу потсетуваат на татко им. И со оглед на тоа што најраните години од своето детство ги поминале под будното око на јавноста, јасно е зошто нивната појава предизвикува толкав интерес.

Федерер многу ретко ги носи децата на турнири и ревијални натпревари, па така ова беше ретка можност да се видат сите негови четири деца на едно место. Роџер и Мирка претпочитаат мирен семеен живот, кога околностите и работните ангажмани го дозволуваат тоа, а тенисерот повеќепати има зборувано колку му годи да седи дома со своите наследници.

Поврзани објави

На Федерер сега најважно му е да биде со своите деца

„Имам чувство дека многу е важно да бидам покрај нив во овој период, да им помогнам, да ги насочам и секако, да им дозволам сами да се развиваат и да го пронајдат својот пат“, рекол славниот тенисер во јуни 2024 година за „Пипл“.

За разлика од ќерките, кои прво не се интересирале за тенис, па минатата година биле фотографирани на терените во сопственост на Рафаел Надал, афинитетите кај синовите се искристализирале малку порано.

„Момчињата обожаваат фудбал. Лео почнува да покажува сериозен интерес за тенис. Лени е многу покреативен. Тој сака да црта и да чита“, додал Федерер тогаш.

Знаеме и дека се обожаватели на пејачката Тејлор Свифт, со оглед на тоа што пред извесно време биле фотографирани на нејзин концерт, заедно со родителите и сестрите.

Федерер признал и дека децата своевремено му ја вратиле жедта за трофеи, по еден кризен период што го имал во кариера, но едноставно дошло време сега тој да им биде поддршка и ментор и да им ја разбуди истата таа жед за успех во животот и кариерата.

Дали тоа ќе биде тенис, некој друг спорт или сосема друга област, ќе дознаеме многу наскоро, особено ако тргнат по стапките на мама и тато.

Секако, добиле големо внимание и комплименти, дури и повеќе од Роџер и Мирка, кои несомнено се горди поради тоа.

ФОТО: Инстаграм, Х