Пејачката и фудбалерот ја одбележаа првата годишнина од граѓанскиот брак со семејството во Шпанија.
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ денес слават една година од нивниот граѓански брак. Парот се венча на 28 мај 2024 година во интимна церемонија во вилата на семејството Ражнатовиќ на Дедиње.
Оваа година, славењето се одржа во Севиља, каде што живеат. Тие организираа приватна прослава со најблиските пријатели и семејството, во топла и интимна атмосфера.
Поврзани објави
Анастасија, која неодамна го прослави својот 27-ми роденден, доби скап подарок од Гудељ – златен часовник од лимитирана серија, вреден 100.000 евра.
Парот продолжува да гради заедничка иднина во Шпанија, уживајќи во љубовта и поддршката од своите најблиски.
printskrin Instagram-Anastasija