Новак беше груб, а нивното ненадејно соочување брзо стана главна тема во медиумите.
Новак и Јелена Ѓоковиќ, кои се во емотивна врска од својата 18-та година и речиси половина живот го поминаа заедно, важат за еден од најхармоничните парови.
Сепак, и во нивната врска, која за многумина е пример, се случуваат несогласувања, а кавгата која се случи меѓу Јелена и Новак ги изненади сите.
Имено, Јелена во 2017 година го снимаше тренингот на Новак и го пренесуваше во живо на Фејсбук. На крајот од лајвот дојде до расправија меѓу сопружниците, која излезе во етерот. Новак ѝ го одзеде телефонот на Јелена од рака, а тоа воопшто не ѝ се допадна.
Како се однесуваш, жити сè’? Ти благодарам, љубов, ти благодарам! Така ли треба да ми кажеш? – го искара Јелена, а неколку секунди подоцна сфати дека и тоа е објавено. Јелена потоа објасни што се случило тој ден.
Се сеќавам кога се скаравме во тој лајв пред неколку години. Бев бремена и емотивна, а тој во тој момент беше груб – откри Јелена и објасни:
Изреагирав како што изреагирав. Потоа, кога размислував за тоа, се запрашав: „Боже, дали луѓето навистина мислат дека сè е мед и млеко меѓу нас“. Сепак, мислам дека не мислат, но веројатно таква е проекцијата – ако се стремам кон успех, слава, пари, претпоставувам дека таму е подобро. Тогаш гледаат дека некаде има и проблеми и дека не е сè така сјајно и прекрасно. Најважно е човек да сфати кој е и што е, бидејќи всушност не знаеме кои сме.
Фото: Инстаграм