Почетна Убавина и здравјеСите гледале во нејзините голи нозе! – Убавина и здравје

Сите гледале во нејзините голи нозе! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за


Кејт Мидлтон првпат се засрамила во јавност, поради црвениот фустан што ѝ ги открил нозете

Британскиот крал и кралица вчера официјално му посакале добредојде на претседателот на Јужна Кореја во Велика Британија пред да приредат луксузен државен банкет во негова чест во Бакингемската палата.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, кои изгледале прекрасно во црвена облека, одиграле клучна улога поздравувајќи ги претседателот и првата дама утрото во нивниот лондонски хотел.

Принцот и принцезата од Велс отишле со господин Јун и госпоѓа Ким на свечен дочек на Коњската гарда, каде што ги чекале кралот и кралицата. По настанот, отишле во Бакингемската палата во Галеријата на слики за да погледнат специјална изложба на предмети од Кралската колекција, што се однесуваат на Јужна Кореја.


Поврзани објави

Кејт носела впечатлив црвен капут со наметка „Кетрин Вокер“ од 3.000 фунти и шешир „Џејн Тејлор“. Исто така, носела пар сафирни и дијаматски овални обетки од принцезата Дијана, надополнувајќи го изгледот со пар црвени обувки „Џанвито Роси“.

Сепак, најголемо внимание привлекло излегувањето на Кејт Мидлтон од автомобилот. Имено, при излегувањето, нејзините нозе биле потполно откриени, што речиси никогаш не се случува. Многумина помислиле дека Кејт не носи ништо под капутот, односно дека е гола, но фустанот брзо се спуштил.

Кејт Мидлтон со најоригиналниот детаљ што го облекла досега (ФОТО)