Почетна Убавина и здравје„Процутев откако престанав да имам секс!“ – Убавина и здравје

„Процутев откако престанав да имам секс!“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Урлика Џонсон е британска новинарка и јавна личност, која на многумина им е трн в око токму поради нејзиниот став за стареењето

Урлика Џонсон тврди дека на 56-годишна возраст се чувствува најсексапилно досега, но не поради тоа што направила нешто со своето тело или затоа што си го сменила стилот на облекување, туку затоа што престанала да има секс!

„Можеби звучи премногу лесно, но вистина е. Сексапилноста не произлегува од тоа како изгледаш, каква долна облека носиш, од тешката шминка или трендовската фризура. Сексапилноста произлегува од длабочината. Таа произлегува од тоа што сега знам што сакам во животот. Ослободена сум од желбата да најдам совршен маж, да родам деца или да им угодам на другите.

Сега се слушам себеси и знам дека не сакам секс во ниту една форма во мојот живот. Овој пат, на мои 56 години, првпат во животот, јас сум најважна“, искрено изјавила Урлика.

Урлика со години била на столбот на срамот поради слабото тело, кожата потемнета во солариум и разголените фотографии. Ја обвинувале дека не јаде доволно, дека премногу се соблекува, дека се облекува провокативно и слично. Но таа ги отфрлила сите обвинувања и првпат се прифатила себеси таква каква што е.

„Педесеттите се новите дваесетти, само што сега не се плашам од ништо. Бестрашна сум. Денес, интересно ми е да запознавам други луѓе. Сексуалниот живот ми е фантастичен. Имам доволно години за да знам дека не треба да се занимавам со глупости. Има проживеано доволно децении за да знам што е важно, а што е неважно во животот. А што се однесува до стареењето, тоа е неизбежно и јас го прифатив.

Излегувам со помлади мажи поради енергијата што ја поседуваат. Јас никако не сум стара жена, себеси се доживувам како личност пред која се отворени многу можности“, рекла таа.


Поврзани објави

Улрика зад себе има брак со Брајан Монет, од кого се развела пред неколку години. Тогаш отворено зборувала дека последните осум години од бракот немале сексуални односи и дека не знае зошто се случило тоа.

„Не можеше да направи да се чувствувам полошо“, признала новинарката која има три деца од претходните бракови.

Новинарката (53) ја користи секоја пригода за да покаже како изгледа телото на жена во 50-те: Зошто е ова дегутантно за сите?