Актерката со емотивно збогување со Сара, Андреј, Џоко и Филип
Актерката Весна Петрушевска со потресна објава на социјалните мрежи се прости од своите пријатели кои ги загубија животите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Приказната за љубовта се состои од здраво и збогум, сѐ додека не се сретнеме повторно. Сите бевте ангели на земјата, ми беше огромна чест што ве познавав и живеев во вашето време“, напиша Петрушевска, споменувајќи ги по име Сара, Андреј, Џоко и Филип.
Таа ја изрази својата болка за прерано згаснатите животи и ја сподели тагата што ја чувствува целиот регион по оваа незапаметена трагедија.
Поврзани објави
Фото: принтскрин – социјални мрежи и Јутјуб