Почетна Убавина и здравјеПриведени поранешни функционери – без лиценца и со корупција до трагедијата во Кочани

Приведени поранешни функционери – без лиценца и со корупција до трагедијата во Кочани

од nenad
1 минути читај за

Министерот Тошковски: „Одговорност ќе има за секој што е вмешан во овој криминал“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево на прес-конференција објави дека повеќе од 20 лица се осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животите ги загубија 59 луѓе, а над 150 се повредени.

Според него, во полициската станица се приведени околу 15 лица, меѓу кои има и поранешни функционери од Министерството за економија и Дирекцијата за заштита и спасување.

Легална лиценца оваа фирма нема. Овој случај, како и многу други во Македонија, е поврзан со мито и корупција. Веќе имаме конкретни имиња кои ќе одговараат за незаконското издавање лиценци“, изјави министерот.

Дел од осомничените се меѓу починатите, а четири лица се во болница, меѓу кои два члена на бендот, синот на сопственикот на дискотеката и управителот на локалот.


Поврзани објави

Меѓу приведените се и поранешен државен секретар во Министерството за економија, поранешен и актуелен раководител на сектор во истото министерство, како и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување со тројца негови соработници.

Македонија денес плаче, но правдата ќе биде задоволена. Ќе има одговорност за секој кој е вмешан во оваа трагедија“, порача Тошковски.

Истражните органи продолжуваат со собирање докази, а се најавуваат и нови приведувања во наредните денови.

Фото: принтскрин – социјални мрежи и Јутјуб