107
Денес околу 11 часот во Пожарната единица во Прилеп пристигна пријава за запален стан и експлозија во населбата Точила. Екипа на Пожарната веднаш ја презема контролата на местото на настанот, според информациите од Маркукуле.
Пожарната единица откри дека не станува збор за пожар, туку за експлозија предизвикана од грејно тело – парно.
Жителите од околните згради, како и учениците од средното училиште “Ристе Ристески – Ричко” се вознемирени поради силината на звукот.
Само материјална штета е причинета од експлозијата во станот во зградата Ц3, односно искршени прозорци и оштетена покуќнина.
