Нема расправа дека Бугарија е секогаш била сојузник на Третиот Рајх, владата е профашистичка и нема ниту да се расправа за тоа, рече бугарскиот академик Димитар Атанасов во едно гостување во македонската програма во Мелбурн.
Бугарија беше соучесник во Холокаустот во Македонија. Извршувањето на депортацијата беше потпишано од високи бугарски државници, ми е тажно да го признаам, но тоа е факт. Исто како што Германија призна вина за Холокаустот, така и бугарската и македонската страна треба да започнат да си ги признаваат грешките, рече Атанасов.
Тој исто така додава дека Македонија треба да признае дека беше вршена тортура врз Бугарите во Југославија. Со признавање на грешките, доаѓаме до ситуација каде ќе можеме да си го запишуваме својот сопствен историски запис, објаснува академикот.
Бугарските институции треба да се извинат, а народот нема за што да се извинува, додава Атанасов.