Анастасија и Немања Гудељ објавија фотографија од ноќна забава, а друштво им правеше атрактивна русокоса која со својот изглед мами воздишки.
По реновирањето на семејниот дом и бројните деловни обврски, Анастасија и Немања ги спакуваа куферите и отпатуваа на Ибица. Фотографиите од одморот секојдневно ги споделуваат на социјалните мрежи, но последната објава предизвика големо внимание во јавноста.
Имено, Анастасија и Немања уживаа во друштво на атрактивна русокоса која, кога решија да се фотографираат, со насмевка на лицето застана помеѓу нив. Судејќи по фотографиите, станува збор за Лусија Санц, која изгледа е блиска пријателка и со сестрата на Немања, Вања, со која често разменува коментари на Инстаграм.
Поврзани објави
Додека се редеа комплименти за веселото друштво, имаше и такви што ја предупредија Анастасија да биде внимателна – за Немања да не ѝ фрли око на оваа згодна девојка.
Фото: Printscreen Instagram