Локалната власт на Пустец, Мала Преспа, продолжува со реализација на активности насочени кон подобрување на условите за живот на жителите на општината.
– Во тие рамки во селото Долна Горица, според предвидената динамика, во тек е поставување на ЛЕД светилки со соларни панели.
Станува збор за инвестиција на Општина Пустец поддржана од албанскиот фонд за развој, информираа од општината.
Најавуваат дека ќе продолжи работата и во другите села за подобрување на уличното осветлување, а се предвидени и другит неопходни инфраструктурни зафати.
Општина Пустец ја сочинуваат девет населени места, распослани по брегот на Преспанско Езеро.
Располага со многу природни богатства и убавини, како и културно-историски споменици, кои привлекуваат се поголем број туристи. вт/мд/Фото: Општина Пустец .
Извор: МИА