Разводот на актерот Калиниќ ја „дрма“ естрадата.
Веста за пропаѓањето на нивниот брак крена голем прав во јавноста, бидејќи важеа за една од најхармоничните двојки на јавната сцена. Разводот на актерот Милан Калиниќ буквално ги шокира сите што мислеа дека е во среќен брак.
Милан Калиниќ и Сандра наводно на почетокот на годината одлучиле да се разделат и секој да си тгне по својот пат, а според написите во медиумите, Сандра одамна не е сингл.
Имено, како што се шпекулира, сопругата на Калиниќ си нашла нов партнер, иако разводот се’ уште не е финализиран. Српските медиуми пренесуваат дека Сандра е среќна во новата врска и дека најблиските ја поддржале кога е во прашање нејзиното ново момче.
Деталите за нивниот развод не се познати, но набрзо по веста за разводот, почнаа и чаршиските муабети, дека, наводно, на Сандра ѝ пречел опуштениот животен стил на Милан, па набрзо запознала друг маж.
Инаку, Калиниќ го напуштил семејниот стан, а виден на Дорчол, во непосредна близина на станот на мајката си…
Поврзани објави
Тој ќе ги задржи во негова сопственост џипот и скутерот, кои секојдневно ги користи за да ги заврши сите свои обврски низ градот. Покрај станот, Сандра добива и еден автомобил.
Калиниќ претходно зборуваше за врската со Сандра, откривајќи голем број детали.
Сандра и јас сме заедно долго време и сè повеќе уживаме, а како одминува времето, сè повеќе се дружиме, се смееме уште повеќе од порано и се надополнуваме. Тоа се ретки работи што ги имаме затоа што, гледајќи ги другите луѓе, сфаќам дека многумина се заедно само формално, или дека поради некоја причина го изгубиле тоа „нешто“ и веќе тоа не е тоа – изјави Милан во една пригода за „Гранд“.
Фото: Инстаграм (@kalinic.milan72)