По разводот од Ѓорѓе Тутиќ, синот на популарната пејачка Зорица Брунцлик, водителката Вања Тутиќ повторно беше запросена.
Ѓорѓе Тутиќ, синот на Зорица Брунцлик од првиот брак, минатата година се разведе од сопругата Вања Тутиќ, но јавноста ништо за тоа не знаеше. Вања неодамна во една емисија откри детали од нивниот брачен живот и разделбата. По емотивниот слом, Вања најде нова љубов, а сега на социјалните мрежи ја сподели радосната вест и објави дека повторно е запросена. Нејзиниот избраник е бизнисменот Владимир Јовановиќ, кој е најголемата поддршка и поддржувач на Вања.
Морам да го споделам ова со сите. Дечко ми ме запроси и јас реков „да“! Подготвија сè во тајност, не можев ни да претпоставам. Им благодариме на нашите девојки Маша, Лена и Сара кои заедно со Владо го избраа прстенот, ни направија кафе и го организираа украсувањето! Прекрасно е да те сакаат толку и да љубиш бескрајно“, напишала Вања во описот на романтичното запросување кое го сподели со своите следбеници.
Поврзани објави
Да потсетиме дека љубовта на Вања и Ѓорѓе траеше 15 години, а во најсреќните денови добија ќерка и син за кои и двајцата се многу приврзани. Зборувајќи за врската со бившиот сопруг, Вања Тутиќ откри и дека Зорица Брунцлик и Кемиш ја игнорираат откако се разведе, а таа им замерува што не ја прашале дали и треба нешто по излегувањето од семејниот дом.
Фото: printskrin Youtube/ Goli Zivot TV Happy
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: