Пејачката призна дека ќерката Лаура сама ги завршува домашните задачи, а таа ужива во слободното време
Весна Џогани откри како се справува со родителството и откри дека не спаѓа во мајките кои секогаш помагаат со домашните задачи. Таа вели дека Лаура, нејзината помлада ќерка, сама се справува со школските обврски и дека таа не се оптеретува со тоа.
Кога ќе дојде од училиште, уживаме заедно. Не ја оптоварувам со моите обврски“, изјави Весна.
Иако многумина ја сметаат за блага мајка, Весна Џогани призна дека е строга кога станува збор за воспитувањето на своите деца. Таа додава дека се труди децата да бидат културни и добро воспитани, но истовремено им дава простор да се развиваат сами.
Поврзани објави
Јас сум реална, но и малку строга мама. Попуштам до некоја граница“, објасни таа.
Весна исто така додаде дека заедно со Џоле одлучиле да не работат ова лето, туку само да уживаат.
12 месеци има една година, ние 10 месеци работиме, а два месеци ги користиме за уживање на морето. Брзо помина, но успеав да го искористам убаво“, порача Весна Џогани, откривајќи како балансира помеѓу работа и семејство.
printskrin Youtube – k1 televizija vesna dzogani