Почетна Убавина и здравје„Вистинската самодоверба произлегува од личните достигнувања“ – Убавина и здравје

„Вистинската самодоверба произлегува од личните достигнувања“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Алмедина Исмајли ни ги откри тајните на нејзината убавина

Секогаш средена, насмеана и расположена, новинарката и презентерка на вести Алмедина Исмајли освојува со својата харизма каде и да се појави. Покрај на екраните, редовно можеме да ја видиме и на разни настани и свечености, каде што се појавува во улога на инфлуенсерка. Која е тајната на нејзиниот беспрекорен изглед? Нашата соговорничка цврсто верува дека убавината се темели на интелигенцијата и самодовербата!

Што било убаво за вас порано, а што сметате дека е убаво денес?

Со текот на годините, мојот поглед кон убавината се смени од надворешен кон подлабок и посуштински. Порано убавината ја гледав како совршеност во изгледот, а денес ги ценам харизмата, интелигенцијата и самодовербата.

Кои се вашите правила за нега и убавина од кои никогаш не отстапувате?

Секогаш се придржувам до три златни правила: темелно чистење на кожата, хидратација и здрав начин на живот (здрава исхрана, здрави муабети и позитивни мисли).

Работата на телевизија подразбира секојдневно носење тешка шминка. Колку често се шминкате во приватниот живот?

На телевизија шминката е неопходна, но во приватниот живот претпочитам минимален, природен изглед. Често може да ме видите без шминка, а ако сум нашминкана, особено преку ден, носам само лесна пудра или ББ-крем, маскара и балсам за усни.

Сте имале ли никогаш проблем со самодовербата?


Поврзани објави

Секој има моменти на несигурност, но научив дека вистинската самодоверба произлегува од достигнувањата и личниот развој. Наместо да се фокусирам на промените во изгледот, секогаш работам на подобрувањето на моите вештини и знаења.

Како ги негувате духот и менталното здравје?

Балансот е клучен – времето поминато со блиските луѓе, читањето книги и моментите на тишина ми помагаат да ја одржам внатрешната хармонија.

Без кои три производи за нега и убавина не би можеле да си го замислите секојдневјето?

Без што не би можела? Добар хидратантен крем, крем за раце и балсам за усни.

Како да се зачува самодовербата во ерата на филтрирани и фотошопирани фотографии на социјалните мрежи?

Социјалните мрежи можат да создадат нереални стандарди, но важно е да се потсетиме дека реалниот живот не е фотошопиран. Самопочитта се гради со прифаќање на себе, негување на автентичноста и фокусирање на сопствените вредности, а не со правење споредби. Никогаш, ама никогаш не сум се споредувала со некого, освен со себеси.

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА