Никол Шерцингер воодушевува на секој чекор, а во последно време многу често ја гледаме на јавни настани и уживаме во нејзините модни изданија.
Познатата пејачка Никол Шерцингер (46) обожава да привлекува внимание при секое нејзино појавување. Таа неодамна нè воодушеви кога се појави во ТВ-шоуто на Стивен Колбер „The Late Show“.
Овој пат, Никол присуствуваше на отворањето на новиот бутик Мајкл Корс и за оваа пригода избра малку поумерен изглед, но сепак не и помалку провокативен.
Долго здолниште со светки, кое одлично ја следи линијата на телото, и црниот топ беа изборот на убавата Никол, која ги надополни со малку подолга црна јакна. А нејзината фризура беше особено елегантна – пејачката се погрижи да го исполни модниот предизвик.
Поврзани објави
Никол повторно доминираше, иако не беше ни најмалку провокативна како што сме навикнати кога е таа во прашање. Сепак, нејзиниот проѕирен топ малку ги зачини работите…
Таа ни покажа дека може да ги хипнотизира луѓето со чиста елеганција, а многумина беа воодушевени од нејзината совршена фигура. Никол често објавува на социјалните мрежи колку напорно тренира за да изгледа толку добро, па секој пат уште повеќе нè импресионира сите.
Фото: Instagram @justjared