Деми Мур ги открила сите траги на староста кога го покажала овој дел од своето тело
Деми Мур заблескала на доделувањето награди БАФТА, а овој пат, наместо во деколтето, сите се загледале во нејзините раце. Познатата актерка била номинирана за награда, благодарение на улогата во филмот „Супстанција“, која ѝ донесе и номинација за „Оскар“ и „Златен глобус“.
Актерката се одлучила за долг фустан и овој пат решила да го сокрие деколтето.
Поврзани објави
Многумина се изненадиле од изгледот на актерката на 62-годишна возраст. Повеќето се согласиле дека Деми Мур никогаш не изгледала поубаво и позадоволно, како и дека не можат да ѝ парираат ни двојно помлади колешки.
Но додека лицето ѝ е совршено и без брчки, не можела да ги сокрие трагите од стареењето на своите раце. Во секој случај, не може да се негира дека изгледа одлично!
ФОТО: Инстаграм