Лена само еднаш јавно зборувала за својот татко Иван Маринковиќ, а тогаш истакнала дека тој ја разочарал.
Гоца Тржан во бракот со учесникот во реалните шоуа Иван Маринковиќ ја доби ќерката Лена, која сега одлучи да го смени презимето и да го земе презимето на мајка си. Инаку, Лена само еднаш јавно зборуваше за својот татко, а тогаш истакна дека тој ја разочарал.
Имено, Гоца Тржан со својот сопруг Радомир Раша Новаковиќ своевремено снимаше реално шоу „Мојот совршен брак“, а тогаш на социјалните мрежи се појави снимка на која разговара со ќерка си Лена за Иван Маринковиќ.
Можеше многу подобро, можеше сè да биде поинаку, само да се однесуваше поинаку. Ме разочара во некои ситуации – ѝ рече Лена на мајка си.
Свесна ли си дека ти немаш никаква врска со тоа? – ја праша Гоца.
Свесна сум, но сепак, тој ми е татко… – истакна Лена.
Гоца не криеше дека е потиштена поради сето тоа, па кога ја праша како би можела да ја поправи ситуацијата, Лена одговори:
Не можеш.
Сто пати ти кажав „извини“ во негово име – продолжи пејачката.
Не можеш ништо, на него е. А него не му е гајле, како и секогаш – рече Лена.
Мислам дека тој едноставно не е свесен за своите постапки. За него целта ги оправдува средствата, не ја гледа пошироката слика. Јас некако се обидувам да го разберам – рече поранешната сопруга на Иван.
Јас не го разбирам. Ти обидувај се, јас не сакам да го разберам. Тука нема што да се разбира или да не се разбира. За среќа, тој е возрасен човек, свесен е за своите постапки – беше одлучна Лена, а Гоца на крајот истакна:
Не знам дали е свесен.
Лена за промената на презимето
Инаку, Лена на социјалните мрежи потврди дека повеќе не го носи презимето на својот татко. На нејзиниот профил на Тик-ток, каде што претходно стоеше презимето Маринковиќ, сега јасно се гледа новото име – Лена Тржан.
Поврзани објави
На прашањето од следбениците зошто се одлучила на овој чекор и зошто го носи презимето на мајка си, Лена во своето видео беше повеќе од јасна:
Кога ме прашуваат зошто го носам презимето на мајка ми… Затоа што каде би била јас без неа?“
Иван е разочаран
По одлуката на ќерка си, се огласил и Иван и откри како се чувствува.
Бев, што би се рекло, изненаден, разочаран и сè останато. Но, што да правам? Знам дека за тоа не сум виновен и дека крвта не може да се смени. Може да смени шест презимиња, јас сум нејзиниот единствен биолошки татко – изјавил Иван за „Информер“, па додал дека не можел да влијае врз одлуката на Лена:
Лена е полнолетна, така што јас тука не можам ништо. Има право сама да одлучува, така што навистина не можам ништо да направам. Единственото што ми останува во глава, како што велат некои мои пријатели и блиски луѓе, е: џабе менувањето на презимето кога се знае кој е таткото – беше дециден Иван.