Почетна Убавина и здравјеВака или никако! Барбара Бобак откри каков маж сака покрај себе – сите во шок!

Вака или никако! Барбара Бобак откри каков маж сака покрај себе – сите во шок!

од nenad
1 минути читај за



Пејачката без влакна на јазикот ги откри своите критериуми за идеален партнер

Пејачката Барбара Бобак повторно го привлече вниманието на јавноста со својата искрена исповед за тоа каков маж посакува покрај себе. Без никакви задршки, таа порача дека очекува третман како вистинска принцеза, а нејзините барања ги оставија многумина во неверување.

Сакам маж кој ќе ми ја отвори вратата од автомобилот, кој нема да најде изговор ако ми се јаде чоколадо во три сабајле, туку ќе стане и ќе ми купи. Сакам грижа, внимание и став дека јас сум број еден. Тоа или ништо“, изјави Барбара, нагласувајќи дека во современите врски мажите често не знаат како да се однесуваат со жена.


Поврзани објави

Бобак истакна дека таа никогаш не би направила слично нешто за партнер, бидејќи, како што вели, себеси си е на прво место. Овој став предизвика бурни реакции, а многумина коментираат дека ваквите очекувања се премногу, додека други сметаат дека секоја жена заслужува ваков третман.

Барбара е позната по своите директни и неконвенционални ставови, а со оваа изјава уште еднаш покажа дека нема намера да прави компромиси кога станува збор за љубовта и почитта што ја очекува од партнерот.

Фото: printskrin Youtube/ Blic TV