Велат дека геј-аферата целосно му го сменила животот
Ребека Снид, сопругата на Лајл Менендез, кој моментално отслужува затворска казна поради убиството на своите родители, открила дека се развеле. Таа се огласила на Фејсбук и напишала дека таа и нејзиниот сопруг веќе некое време се разделени.
Сопругата на еден од браќата Менендез, Ребека, додала дека тие останале најдобри пријатели и семејство и дека и понатаму ќе ги известува неговите следбеници за тоа што му се случува во животот.
„Продолжувам да ги водам неговите фејсбук-страници, со негова дозвола, и понатаму сум посветена на борбата за слободата на Лајл и Ерик, како што беше со години. Ќе продолжам да ве известувам за развојот на случајот, бидејќи верувам дека сите имаме заедничка цел да ги видиме момците на слобода. Никогаш нема да престанам да се борам за нив“, напишала таа.
Истакнала и дека причината за разводот не била афера, како што пренесувале странските медиуми минатата недела. Имено, минатата недела во медиумите се појавила информацијата дека Лајл имал афера со 21-годишната британска студентка Мили Баски, која ја запознал на Интернет.
„Лајл ја обожава Мили. Таа го нарекува свој дечко, иако е оженет“, открил анонимен извор за Дејли Мејл.
Поврзани објави
Освен тоа, Radar Online навеле дека Лајл му станал „затворска сопруга“ на мускулест осуденик по име Чино, а нивната врска ја открил друг затвореник.
„Ги видов Лајл и Чино како лежат на ист кревет и се милуваат. Само станав и прашав: ‘Лајл, што е со тебе и Чино? Ве видов прегрнати. Дали сте заедно?’ Неговиот одговор ме шокира, тој ми кажа: ‘Чино е мој човек’. Тој е прилично отворен по тоа прашање и вели дека сака да се однесува како девојка во врската“, рекол негов пријател од затворската ќелија.
Инаку, Менендез и Снид се венчале во 2003 година, додека тој и брат му биле во затвор поради убиството на родителите што се случило во 1996 година. И Ерик и Лајл се осудени на доживотна затворска казна, без можност за условна казна.
Неодамна на Нетфликс излезе ТВ-серијата Monsters, чие дејство се врти околу убиството што го извршиле браќата Менендез. Откако излезе серијата, бројни луѓе се залагаат за тоа да се ослободат браќата, бидејќи, како што е прикажано, тие со години биле изложени на насилство од страна на нивните родители Хозе и Кити Менендез. Браќата и на суд тврделе дека се жртви на насилство, но тогаш немало доволно докази за тоа.
По големата поддршка што ја добија Ерик Лајл откако нивната приказна повторно му беше раскажана на светот, браќата добиле добри вести. Окружниот обвинител на Лос Анџелес предложил да им се преиначи казната на браќата, односно доживотниот затвор да им се замени со казна од 50 години до доживотна. Така, браќата би имале право на условна слобода.
Судењето на кое ќе се одлучи дали ќе им се намали казната на Ерик и Лајл требало да се одржи на 11 декември, но се одложило.
ФОТО: Јутјуб