Сања Кужет откри дека со првиот сопруг останала во добри односи…
На Видовдан Сања Кужет го родила својот трет син, кој го доби името Вук. По тој повод нејзиниот емотивен партнер Немања Живојиновиќ приреди гала прослава на која се собраа бројни познати личности.
Сања и Немања, како што е познато, веќе имаат едно момче Страхиња, а во првиот брак, кој го склучи пред десет години, убавата водителка го доби синот Андрија.
Сања Кужет го запознала својот прв сопруг на работа. Поточно, таа градеше кариера како водителка, додека тој беше обезбедување на сопственикот на ТВ Пинк.
Се забавувавме две години, па се заљубивме, па се земавме, добивме дете, се разведовме, но сепак останавме во истото друштво“ – изјави Сања која по само една година стави крај на бракот.
Водителката кажа и зошто се случило тоа, но и како функционира денес со нејзиниот прв сопруг.
Поврзани објави
Ако некој е добар човек, го делам мислењето дека после се можеме да останеме во добри односи. Не мора заедно да одиме на слава, напротив. Секој на свој начин. Но, за доброто на нашето дете, зошто да не бидеме во добри односи“ – рече Сања.
Потоа кусо додаде:
На крајот на краиштата, јас го избрав тој човек, а тој мене, бидејќи имаме одредени квалитети. Навистина не можам да кажам ништо лошо за него“.
Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: