Водителката на најгледаното српско шоу „Магазин ин“, Сања Маринковиќ утрово доби лоша вест додека снимаше уште едно издание на емисијата. За жал, мајката на Сања ненадејно починала по кратко и тешко боледување.
Медиумите ја побарале водителката која е неутешна и која во кратка изјава открила како се чувствува:
Поврзани објави
Им благодарам на моите пријатели, колеги и на сите кои беа со мене во изминатите недели и ги разбраа тешките моменти низ кои поминував. Се трудев да работам и да живеам што повеќе, бидејќи борбата за здравјето на мајка ми беше многу тешка и знаевме дека нема лек, а сите секогаш веруваме во чуда.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/sanjamarinkovicofficial/?hl=en