Светската поп-икона Мадона, неколку месеци по разделбата, најде нов помлад дечко, 37 години помлад од неа.
Пејачката се заљубила во 28-годишниот Аке Морис. Парот беше виден во Портофино, Италија, пред 66-тиот роденден на Мадона.
Поврзани објави
Иако нивната врска стана позната само неодамна, Мадона и Аке се познаваат веќе некое време. Двајцата учествуваа во фотосесија за списанието Paper во 2022 година и заедно го прославија американскиот Ден на независноста, пишува Daily Mail.
Мадона тогаш објави серија фотографии на кои се држат за рака, гледаат во огномет и се опуштени на кауч.
Пејачката неодамна ја прекина врската со 30-годишниот Џоџ Поуп, а пред тоа беше во врска со 35 години помладиот Ахламалик Вилијамс и претходно беше со 41 година помладиот скејтер Андреа Дарнел.