Почетна Убавина и здравјеНевролозите откриле што се случува во мозокот кога ги консумирате овие 6 намирници: Тие ги одбегнуваат по секоја цена

Невролозите откриле што се случува во мозокот кога ги консумирате овие 6 намирници: Тие ги одбегнуваат по секоја цена

од nenad
2 минути читај за

Ви откриваме кои популарни намирници се најштетни според невролозите

Врвните невролози и експерти ги издвоиле намирниците кои можат да влијаат негативно врз здравјето на мозокот, а на списокот има и многу популарна храна која многумина ја консумираат секојдневно.

Прв на списокот е протеинскиот прашок

Доколку го додавате во вашите напивки, правите голема грешка, бидејќи тој е богат со вештачки засладувачи.

„Адитивите во протеинските прашоци го уништуваат гастроинтестиналниот микробиом. Здравиот внатрешен микробиом е многу важен за здравјето на мозокот, бидејќи повеќето од нашите невротрансмитери се произведуваат во цревата“, објаснила доктор Фредерика Фабритиус, невролог.

Експертите не препорачуваат ни газирани пијалаци

„Содата е една од најлошите намирници за здравјето на мозокот поради високата концентрација на едноставни шеќери, кои ги оштетуваат крвните садови кои го хранат мозокот со кислород. Со текот на времето, тоа го изгладнува мозокот и може да доведе до прерана деменција и мозочен удар. Акутно, шеќерот, исто така, предизвикува воспаление на мозокот, раздразливост, лошо расположение и нарушување на спиењето“, рекол доктор Шанин Лакхан, невролог.

Не се препорачува ни маргарин


Поврзани објави

„Често слушаме дека транс-мастите не се добри за срцето и крвните садови. Истражување објавено во магазинот Neurology открило дека возрасните лица кои имале највисоки нивоа на транс-масти во крвта биле изложени на најголем ризик од деменција“, рекла доктор Шеј Дата, невролог и кодиректорка на центарот YU Langone Concussion, и препорачала маслиново масло или путер како замена.

Алкохолните пијалаци, исто така, се на листата

На листата е и алкохолот, кој е невротксин и може да го оштети централниот и периферниот нервен систем, дури и ако се консумира во умерени количини, објаснил доктор Брајан Хо.

Кафето без кофеин не е добар избор

Експертот за невронаука и извршен директор на компанијата Ellipse Analytics, Шон Канал, посочил дека и кафето без кофеин не е добар избор поради хемикалиите што се користат во процесот на приготвување на овој пијалак.

Одбегнувајте и помфрит

Неврологот Педрам Наваб одбегнува помфрит и додава:

„Исхраната која вклучува масна храна, како помфрит, може да ги оштети крвните садови кои го хранат мозокот, предизвикувајќи когнитивно ошттетување. Им наштетува на крвно-мозочните бариери и доведува до оштетување на невронот хипокампус, дел од мозокот кој е клучен за учење и помнење.“