Првата љубов на синот на Викторија Бекам денес е венчана со жена, а еве како зборувала своевремено за несудените свекор и свекрва
Многумина го заборавиле ова, најмногу поради фактот што актерката Клои Грејс Морец подоцна јавно се декларира како геј жена, но таа му беше првата сериозна врска на Бруклин Бекам.
Минатите врски на Бекам се под лупа по неговата експлозивна изјава на Инстаграм во која ги искритикува Дејвид и Викторија Бекам поради нивното контролирачко однесување во животот.
Конфликтите меѓу Бруклин и неговото пошироко семејство беа прилично јавни уште по неговата венчавка со Никола во 2022 година.
Шокантната објава на Бруклин откри многу детали за конфликтот меѓу него и неговите родители. Тој ги обвини дека тие доведувале жени од минатото во неговиот живот, во обид да го саботираат неговиот однос со Никола, како и дека генерално пробувале да го контролираат него и неговиот живот.
Пред бракот со Никола Пелц, негова најистакната врска беше со Клои Грејс Морец, најпозната по филмовите Kick Ass, Carrie, Let Me In, помеѓу 2014 и 2018 година.
Тие започнале врска кога таа имала 17, а тој 15 години. Во тој период, Клои јавно зборувала за неговата врска со неговите родители и поширокото семејство.
Интересно е тоа што актерката имала само позитивни зборови за Пош Спајс, но била резервирана околу тоа како е да се биде со Бекам.
Поврзани објави
Во разговорот со Енди Коен за Викторија во 2014 година, Клое рекла:
„Таа е неверојатна личност. Навистина ѝ се восхитувам на нејзината работна етика и ја сакам. Мислам дека се прекрасни луѓе како семејство, тие ги разбираат моите патувања, секс-сцените на големото платно, лудите распореди…“.
Изјавата на Бруклин за неговото семејство ја предизвика јавноста да почне да ги истражува сите негови различни интеракции со семејството на социјалните мрежи низ годините, па некои обожаватели укажаа на објава на Инстаграм во која Викторија му се потсмева на Бруклин поради косата, споредувајќи го со палавиот Денис и во која ја прашува Клои „што му направила“.
Иако не ги споменувала неговите родители посебно, во 2016 година Клое рекла дека излегувањата со нив понекогаш знаеле да бидат тешки.
За британскиот магазин InStyle таа открила:
„Тоа создава масовен метеж и постојано ве следат во посебни автомобили, така што не можете само да трчкате наоколу и да делите мали будалести и слатки моменти.“
Тие раскинале во 2018 година, а подоцна во 2024 година, Клои се декларирала како геј жена, па во 2025 година стапила во брак со Кејт Харисон.
ФОТО: Инстаграм