Почетна МакедонијаМакедонија: Министерство за транспорт сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај

Македонија: Министерство за транспорт сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај

од nenad
1 минути читај за

Фото: Министерство за транспорт

Ве информираме дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.

Екипите на  ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот.  Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема,  почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.

Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.

Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат  и во текот на наредниот перидод,  со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

 

Post Views: 34