Почетна Убавина и здравјеСега, заедно со поранешната сопруга ѝ го слават роденденот на ќерка им – Убавина и здравје

Сега, заедно со поранешната сопруга ѝ го слават роденденот на ќерка им – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Еве како изгледала гала-забавата на ќерката на поранешниот фудбалер Франческо Тоти

Ќерката на славниот фудбалер Франческо Тоти, Шанел, го прославила својот 18. роденден. А по повод нејзиното полнолетство, ѝ приредиле гала-вечера за која не престанува да се зборува, не само во Рим туку низ цела Италија.

На незаборавната забава во замокот Castello di Torcrescenza секој детаљ бил внимателно одбран и совршено усогласен.

„Таа е исклучително едноставна девојка. Сакаше да биде опуштено, да не чувствува никаков притисок и сите да уживаат“, рекла нејзината организаторка.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм

Вечерта доминирала белата боја, со повремен отсјај на металик тонови – златни и сребрени. Гостите, кои ги имало околу 200, го испочитувале дрескодот кој налагал елеганција и црна гардероба.

Од друга страна, Шанел ги маѓепсала присутните во две светкави изданија во кои изгледала како филмска дива. Во замокот пристигнала во долга елегантна тоалета со провокативно деколте, а потоа пред гостите се појавила во краток фустан со голи раменици, со детали од тантела и ситни кристали.


Поврзани објави

Што се однесува до храната, доминирале наполитански специјалитети, главно по избор на славеничката. На менито се нашло типичното неаполско јадење schiaffoni alla scarpariello, тестенини со домати и пармезан, cozzetto del pane со ќофтиња, но и пица, суши, сендвичи, а пред крајот на забавата, на барот се служеле хамбургери и чипс.

Тортата, пак, била декорирана во согласност со нејзините детали на фустанот и била на дури седум ката. Покрај музиката по избор на диџеј, за добрата атмосфера бил задолжен и бенд во живо.

Секако, тука биле и родителите, а гордата мајка, убавата водителка Илари Блази, ги воодушевила присутните во црн костим во мачо-стил.

Да се потсетиме, по две децении љубов, Франческо Тоти и Илари Блази му ставиле точка на бракот, што изненади многумина, бидејќи важеа за пример за љубов и хармонија.

Франческо Тоти, иконата на италијанскиот фудбал, има три деца – син Кристијан и ќерки Шанел и Изабел. Синот Кристијан (19) тргнал по негови стапки и игра во Шпанија, а најмладата ќерка Изабел има 9 години.

ФОТО: Инстаграм