Почетна Убавина и здравјеСвршеницата на милијардерот на чело на женскиот екипаж (ФОТО) – Убавина и здравје

Свршеницата на милијардерот на чело на женскиот екипаж (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Лорен Санчез се огласи за летот во вселената и рече дека се надева дека ова ќе ги мотивира сите луѓе да сонуваат големи сништа и да посегнат по ѕвездите, бидејќи – тоа е возможно.

Свршеницата на Џеф Безос, атрактивната поранешна новинарка и пилот Лорен Санчез, која привлекува најголемо внимание поради својот изглед, одлучи да отпатува во вселената и на оваа мисија ќе предводи комплетно женски екипаж, пишува „Хелоу!“.

Покрај неа, оваа мисија организирана од Blue Origin ќе вклучува уште пет жени: водителката Гејл Кинг, пејачката Кети Пети, инженер по воздухопловство Ајша Боу, активистката за граѓански права Аманда Нгујен и филмската продуцентка Керијан Флин.

Да ми кажеше некој дека еден ден ќе можам да одам во вселената, дефинитивно ќе се насмеев. Не ми се верува дека тоа се случува… Мислев дека е голема работа да сонувам да станам пилот. Неверојатните жени кои одат на овој лет со мене се извонредни на сите животни полиња, но што е уште поважно, тие се неверојатни раскажувачи.


Поврзани објави

Се надевам дека овој лет нема да биде трансформативен само за нив, туку и за сите луѓе кои ја раскажуваат својата приказна. Се надевам дека ќе ја поттикнеме имагинацијата кај луѓето да сонуваат големи работи и да посегнат по ѕвездите“, порача Лорен Санчез на Инстаграм.

Фото: Инстаграм