Георгина повторно успеала да го привлече сето внимание
Георгина Родригез била ѕвезда на вечерта на доделувањето награди Globe Soccer, организирано во Дубаи. Покрај Кристијано Роналдо, Георгина блескала облечена во свечен ролка-фустан, припиен до телото, со набори под струкот.
Ракавите и деколтето биле покриени со светкави детали, а Георгина се одлучила за рамно исфенирана коса и јака шминка каква што и оди со овој фустан.
Овој долг црн фустан имал две задачи: да ги сокрие вишокот килограми на Георгина Родригез и да го истакне нејзиниот скапоцен свршенички прстен.
Поврзани објави
Секако, успеала на двете полиња.
Коментарите на социјалните мрежи се повеќе од позитивни:
„Кралице“, „Вака се облекува вистинска дама“, „Совршена си“.
Како вие би го оцениле изгледот на Георгина Родригез?
ФОТО: Инстаграм