Ким Кардашијан била видена во Париз пред модното студио на „Баленсијага“, за да испроба соодветен фустан за нивното шоу
Тесен розов фустан што ги открива градите во стилот на Мерилин Монро. Косата стилизирана како кај ѕвездите од стариот Холивуд, а на нозете салонки во истата боја – Ким Кардашијан привлекла огромно внимание кога се појавила во Париз пред студиото на „Баленсијага“, за да испроба облека за нивното претстојно шоу.
Видно сериозна и професионална, Ким чекорела без насмевка пробивајќи се низ групата папараци, а за тоа време, мајка ѝ весело ги поздравувала фотографите додека влегувала во хотел во Париз, подготвувајќи се за Модната недела во Париз.
Поврзани објави
Крис Џенер се пофалила со својот совршен стајлинг, покажувајќи ги неверојатната става и затегнатото лице. Сите светски медиуми пишуваат за тоа дека мајката сега изгледа како да им е врсничка на своите познати ќерки.
Што мислите вие? Како ви се допаѓаат нивните стајлинзи?
ФОТО: Инстаграм