Иако желбата за подобар животен стандард е главната причина за иселување, интензитетот на таа желба е повеќе поврзан со песимистичкото гледање на иднината на нашето општество отколку со моменталната материјална состојба во која се наоѓаат младите.
Оттаму, ангажирањето на младите во различни општествено корисни проекти игра клучна улога во обликувањето на иднината на заедницата. Младите носат нова енергија, иновативни идеи и перспективи кои се неопходни за соочување со современите предизвици. Нивното активно учество во заедницата придонесува за нивниот развој и им помага да стекнат нови искуства и добри практики.
Токму поради тоа, најразвиените и најбогатите заедници вложуваат многу во образованието на младите.
Билјана Трендафилова во рамките на осмата регионална конференција за жени Профемина со своите соговорници доц. д-р Викторија Трајков, заменик-министерка за европски прашања, проф. д-р Наташа Ристовска, професор на Универзитет Скопје, доц. д-р Гордана Серафимовиќ, професор на Универзитет Скопје и м-р Анастасија Иванова, најдобра постдипломка на генерација, дискутираше на темата: „Улогата на младите во просперитетот на Македонија”.
Младите се највредниот ресурс на една нација. Но статистиките се поразителни – секој трет млад човек посакува и заминува во странство. Неможноста да се вработат, ниските плати, слабите шанси за напредување на работното место, ниската доверба во институциите се само дел од причините поради кои младите се одлучуваат да ја напуштат земјата. Дали одливот на мозоци ќе го вклучи алармот кај надлежните? Како да создадеме услови за да останат дома, што треба да промениме – на сите овие прашања и дилеми, одговор ќе дадеме во овој прв панел на конференцијата Профемина со моите и ваши дами“, објасни Трендафилова на почетокот на дискусијата.
Трајков, како заменик министер за европски прашања колку овие алармантни бројки треба да не освестат и да не потсетат дека наша одговорност како општество, и пред сѐ како носители на одлуки, е да ја промениме оваа состојба?
Се што кажавте е точно и загрижувачки морам да признаам. Младите денес се во потрага по „подобро утре“. Ние како политичари имаме огромна одговорност по ова прашање. Да си странец не е лесно, па ние сме тие кои треба да им објасниме на младите што значи да си граѓанин од втор ред. Одлуките на политичарите треба да се сервис на граѓаните.
Ристовска економските можности, подоброто образование и квалитетниот живот се само некои од причините кои младите ја напуштаат државата.Но,треба да создадеме услови за пoквалитетно образование што на младите ќе им овозможи стабилно вработување, конкурентни плати и фер услови за работа?
Статистиката во Европа покажува дека нашата земја за жал е на 5то место по одлив на млади кадри. Факт е дека младите заминуваат. За да се спречи ова потребна е повеќеслојна стратегија, пред се отворање на нови квалитетни работни места, зголемување на платите и бенефиции, кои би ги задржале младите да останат овде.
Серафимовиќ и вие доаѓате од академската фела, колку Универзитет Скопје е фокусиран на младите луѓе и по дипломирањето да најдат соодветна работна позиција?
Нелсон Мендела кажал дека образованието е најсилното оружје да го промениме светот. Токму за тоа се залага Универзитетот Скопје. Постојано соработуваме со бизнис фелата. И во долсух сме истовремено со младите, за да го почувствуваме што тие сакаат и за што пројавуваат интерес.
Анастасија годинава го добивте признанието најдобра студентка на генерацијата на Утмс на постдипломските студии.Колку дипломата ви отвори врати во професионалната кариера?
„Се заблагодарувам пред се на Универзитетот Скопје. Јас скоро магистрирав, и почестена сум што бев прогласена за најдобар магистар на унивезитетот.Искрено се надевам дека она што го стекнав како знаење ќе успеам да го применам во пракса.„
Трајков секој млад човек кој ќе остане и ќе придонесува дома е нова вредност за нашето општество и за иднината на нашата држава.Како да се промени амбиентот и тие да станат рамноправни партнери во нашето општество?
Само ако имаат добри ментори, а на нашиот универзитет најголемиот број се такви. Кога едно дете го растете од прво одд па натаму љубовта кон татковината уште тогаш се всадува. Но сметам дека не е доцна ни на 18 години кога ќе дојдат кај нас да студираат. Оваа влада има план и визија за вистински реформи во образолванието кои е предвидено да завршат во 2027 година. Предизвиците се пред нас, а најмногу ќе се фокусираме на дупките во системот. Пред се да завладее правото во оваа земја.
Ристовска вие сте фокусирана на претприемништвото и на женското лидерство. Низ призма на бројки колку студентите по дипломирањето се храбри и почнуваат сопствен бизнис?Има ли претприемачки дух?
„Статистиката покажува дека само 9 % од студентите по дипломирањето отвораат сопствен бизнис. Но ние имаме голем број на програми за иницијативи за отворање на бизнис, за кои веруваме дека ќе вродат со плод. Со помош на овие иницијативи и програми младите се инспирираат и охрабруваат.“
Поврзани објави
Серафимовиќ Најзагрижувачки е што си заминуваат младите високообразовани кадри оставајќи ја земјава без развојни перспективи. Каде го лоцирате проблемот?
Ние секогаш дадеме една научна нота во секое излагање. Па ајде да зборуваме за статистика. Во последниве 10 години имаме 25.000 луѓе кои заминале од државата, а тоа влијае на БДП.
-Недостатокот на конкурентна плата, односно висока плата
-Немање мотивација за кариерен и професионален развој,
-Немање чувство на припадност
Ова се клучните 3 фактори за одлевање на стручни кадри од нашата земја
Имаме проблем затоа што ретко кој сака да работи како занаетчија или пак да работи во градежниот сектор, а ќе признаете – не можат сите да бидат менаџери.
Иванова како млада личност, кои се најголемите проблеми кои ги детектираат вашите колеги и пријатели, што би промениле за подобро утре?
Ние младите имаме прилилно низок праг на трпение и толеранција, од друга страна пак постојано се соочуваме со проблеми. При обидот да се вклучиме на работниот пазар од нас се бара предходно искуство, но каде би го стекнале тоа искуство. Ценам дека има недостаток на пракса и тренинзи преку кои ние би стекнале било какво искуство
Трајков како заменичка министерка за европски прашања, можеме ли Европа да им ја донесеме на младите дома, наместо тие да ги пакуваат куферите и да купуваат билет во еден правец?
Ние имаме план и визија како да оствариме. Ако доволно си ја сакате државата секој од нас како поединец треба да придонесе првенствено во својата микро-средина. Значи промената мора да почне од нас.
Ристовска професиите на иднината бараат знаења и вештини денес.Колку студентите по дипломирањето се подготвени да бидат конкурентни на пазарот на труд?
Во оваа насока е клучна соработката помеѓу факултетите и индустријата.
Да ги усогласиме современите трендови во бизнисот. Стратегиската рамка на Европската унија е исклучително важна. Потребно е модернизирање и иновации. Надминување и решавање на предизвиците на 21 век. Така младите ќе сакаат да останат во државата и да бидат клулни носители во оваа приказна.
Серафимовиќ немаме филозофи, физичари- постои голем дефицит на кадри. Секоја година има само по четворица студенти на Катедрата за македонски јазик. Изборот на професијата зависи од перспективите кои се нудат на пазарот, колку е тој реален или се уште важи девизата вработување во јавниот сектор за сигурна плата?
За жал младите најмногу сакаат да работат во јавниот сектор. Не ги потценувам луѓето кои работат во државна администрација, каде се чувствуваат комотно и сигурно. А јас во моето излагање би ги охрабрила да започнат свој бизнис. Оваа бројка од само 9% мора да се зголеми за да можеме да одиме напред. Комфорната зона не е секогаш најдобриот избор.
Иванова младите сакаат креативна работа, некоја во која ќе можат сами да си го планираат времето, бараат поддршка за дигитализација, вештачка интелигенција, тоа е иднината и се согласуваш ли дека во таа насока треба да се преземат следните чекори?
Најголемата мотивација за младите е да ни се отворат вратите. Поискусните од нас да го споделат нивното знаење со нас. Да ни се даде шанса и да се промени начинот на вработување.
На крај сите учеснички на панелот се согласија дека клучот е првенствено во себе, колку сакате да се вложите и колку сакате да успеете. Не е лоша Европската перспектива. Можеби е најдобро да прошетатае да се едуцирате да работите да стекнете искуства надвор, па да се вратите истите да ги примените овде во Македонија.