Српската водителка Сања Кужет со години важи за една од најубавите и најзгодни дами на српската сцена. Таа постојано е активна на социјалните мрежи, а сега покажа издание за кое доби стотици комплименти.
Имено, Сања ја покажа својата тенка половина во модна комбинација што совршено ѝ стоеше и ја нагласи нејзината витка линија. Таа цело време имаше широко отворени очи и препознатлива насмевка.
Комплиментите од нејзините следбеници на Инстаграм не престануваа.
Поврзани објави
„Најубавата жена на планетата“; „Најубавата водителка“; „Секогаш совршена“, ѝ напишаа под краткото видео.
Инаку, Сања во една прилика зборуваше како се здебелила 18 килограми за време на бременоста.
– Бев најдебела за време на бременоста, се здебелив 18 килограми. Сепак, по шест месеци се вратив на мојата линија. Јас сум висока жена и полесно ми е. А кога се здебелувам, некако сè се шири убаво и не е толку забележливо – рекла Сања во една пригода и откри како успеала да се ослободи од вишокот килограми.
– Го елиминирав лебот од мојата исхрана. Генерално, не јадам јаглехидрати, бидејќи тие само нè отекуваат. Првото нешто од кое се откажав беше тоа прекрасно, топло тесто, кое толку многу го сакав. Верувајте ми, полесно ќе го пребродите работниот ден без јаглехидрати, бидејќи тие влијаат на нашата поспаност. Кога ќе се ослободите од сè што ви го нарушува здравјето, ќе видите дека тоа ќе има поволен ефект врз вашиот изглед – рекла таа.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/reels/DUA2ajrCFaz/