„Има вагини на него, ги гледате?“, рекла Џилијан во интервјуто
Доделувањето „Златни глобуси“ дефинитивно ќе остане запаметено по одличните модни комбинации со кои брилираа познатите дами. По Џенифер Лопез, Марго Роби и Кејт Бекинсејл, на настанот се појавила и Џилијан Андерсон.
Ѕвездата од ТВ-серијата „Досие Икс“ одлучила да им пркоси на модните правила и да се појави во необичен фустан, кој привлекол големо внимание.
Додека фоторепортерите ја фотографирале, на почетокот никој не ни забележал што има на фустанот. Топ-моделот во бела боја бил изработен во балски стил, а оставил впечаток на совршена елеганција и гламур. Сепак, ако погледнете малку подобро, ќе видите дека целиот е покриен со женски полови органи, што и самата актерка го потврдила во интервју.
Фустанот го дизајнирала Габриела Херст.
„На него има вагини, ги гледате?“, рекла Џилијан за време на интервјуто.
Поврзани објави
Кога новинарката ја прашала зошто, актерката одговорила:
„Зошто? Па од бројни причини. Соодветно е за мојот бренд“, одговорила Џилијан.
Додека присутните биле шокирани, нејзините обожаватели не го криеле своето воодушевување на социјалните мрежи…
„Каква икона“, „Не можам да не ја обожавам оваа жена“, „Кој би рекол дека нешто такво може да биде елегантно?“, „Таа е кралица“, „Само таа знае зошто носи вагини на себе“; „Прекрасна е“, „Оригинално“, „Кога некој друг би го направил ова, би било вулгарно“, пишувале многумина.
Што мислите вие за ова издание?
Најдобро облечените познати дами на доделувањето златни глобуси 2024: Најарогантната е и најубавата!