Почетна Убавина и здравјеИгор Ангелов прави список на „Сите најубави нешта” – Убавина и здравје

Игор Ангелов прави список на „Сите најубави нешта” – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Премиерата на монодрамата „Сите најубави нешта” работена според мотиви на Данкан МекМилан, во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на популарниот македонски актер Игор Ангелов, е закажана на 1 октомври во Центар – Јадро.

Оригиналниот наслов на монодрамата е „Every Brilliant Thing“, а приказната е за менталното здравје, за децата соочени со тешките животни моменти низ кои минуваат родителите, за механизмите на справување кои ги развиваме низ животот и за случките кои оставаат белези на растењето и на животот како возрасни.

Заснована на вистинити и невистинити случки, оваа монодрама потенцира колку е важно да остане надежта во фокусот и колку најмалите нешта на животниот список се причина за радување.

Се работи за посебно интимно театарско искуство во кое публиката добива задачи и е активно вклучена од моментот на влегување во просторот за изведба. За време на „Сите најубави нешта” гледачите се смеат и плачат, непријатно им е и се збунети, се радуваат и препознаваат и се поттикнати да размислуваат за значењето на среќата и животот. Од претставата излегувате со чувство на благодарност и олеснување. Вистинска катарза“, вели Игор Ангелов.

Претставата доби прва награда од публика на 25. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама што се одржа 21-25 мај 2024 во Битола.

Влезниците за премиерата се веќе распродадени, а следните изведби се закажани на 4 /14 / 29 октомври во Центар – Јадро со почеток во 20.30 часот и влезниците за нив се достапни преку мкtickets. Наскоро се очекува да бидат закажани изведби и во други градови низ Македонија.

Текст и фото: ПР