Пејачката Драгана Мирковиќ сподели ретка фотографија со својата ќерка Мануела Бјелиќ, која обично избегнува јавност.
Пејачката Драгана Мирковиќ објави фотографија со својата ќерка Мануела Бјелиќ, која се ретко појавува во јавноста. Драгана е разведена од бизнисменот Тони Бјелиќ, а од бракот има син Марко и ќерка Мануела. Додека нејзиниот син години наназад беше присутен на социјалните мрежи и често се појавуваше во јавност, тоа со Мануела никогаш не беше случај.
Мануела одамна ги заклучила своите профили на социјалните мрежи и следи многу мал број луѓе, а пејачката повеќепати истакна дека ќерката не се интересира за естрадата или за јавни појавувања. И покрај тоа што нејзината мајка е една од најголемите ѕвезди на овие простори, Мануела секогаш се трудела да остане надвор од рефлекторите.
Сепак, во последно време Драгана често пишуваше дека патува токму со ќерката и дека таа ѝ помага околу кариерата, но до сега избегнуваше да објавува заеднички фотографии. Сега, сепак, направи преседан – на социјалните мрежи сподели фотографија со Мануела, на која мајката и ќерката уживаат во шетање по улиците на Виена.
Поврзани објави
Под емотивната фотографија, Драгана кратко напиша:
Мојата ќерка и мојата најдобра другарка“.
Овој момент веднаш предизвика внимание кај следбениците и го откри делот од приватниот живот на пејачката кој долго време беше чуван.
printskrin youtube – blic mirkovic