Почетна Убавина и здравјеСамо нејзе ѝ успеа од љубовница да стигне до свршеница – Убавина и здравје

Само нејзе ѝ успеа од љубовница да стигне до свршеница – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Џеф Безос и Лорен Санчез уживаат на одмор во Грција

Никој не бил позгоден од Лорен Санчез деновиве во Грција, која гордо шетала покрај својот свршеник Џеф Безос, најбогатиот човек на светот.

Облечена во виолетово мини-фустанче, со затегнат стомак и бујно деколте, Лорен знаела дека нема конкуренција.

Некогаш љубовница, а сега почитувана идна госпоѓа Безос, Лорен имала крајно необичен живот.

Лорен е телевизиско лице, а слава стекнала како репортерка на забавни вести и како водителка на вести.

Се зборува дека Џеф Безос веднаш паднал на нејзиниот шарм и токму поради Лорен ја оставил сопругата со која дотогаш бил цели 26 години во брак и која му помогнала да го стекне богатството.

Не се знае кога точно започнале врска, но сѐ излезе на виделина во 2019 година кога ги разоткрија американските новинари.

Поврзани објави

Набрзо потоа Џеф, најбогатиот човек на светот, одлучил да се разведе од сопругата и мајката на нивните четири деца.

Во тој момент и Лорен била мажена, а нејзиниот тогашен сопруг Патрик Вајтсел, наводно, и ја запознал со Џеф Безос. Истата година како Безос, и Лорен го прекинала својот брак, од којшто има син Еван и ќерка Елеонор, додека има и постар син Ник со поранешниот партнер Тони Гонзалес.

Се зборува дека Џеф комплетно ја изгубил главата по Лорен, па прави сѐ што ќе му каже. Имено, почнал да вежба и деновите ги поминуваат заедно во вежбалница.

Лорен, која инаку е голема љубителка на пластичната хирургија, го натерала Безос да ги ублажи брчките со ботокс за да изгледа поатрактивно.

Од скромен човек посветен на работата, Безос се претворил во тинејџер кој патува низ светот со Лорен и ја води на најексклузивните места, носејќи ја на забави со најпознатите холивудски ѕвезди.

Најомразената љубовница конечно ја постигнала целта: Милионерот го претворила во папучар кој веќе не личи на себе!