Почетна Убавина и здравјеЛуѓето видоа како изгледала Моника Белучи кога се омажила првпат, а никој не очекуваше ваква невеста (ФОТО)

Луѓето видоа како изгледала Моника Белучи кога се омажила првпат, а никој не очекуваше ваква невеста (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за

Му кажала „да“ на овој човек пред да стане богата и славна, па го откачила засекогаш.

Моника Белучи зад себе има два брака, од кои едниот е со Винсент Касел ѝ е познат на пошироката јавност. Вториот, поточно првиот, поради временскиот редослед, на многумина им е непознат.

Сè се случи додека италијанската актерка беше на почетокот на кариерата. Таа се заљубила во тој човек на прв поглед, но љубовта не траела.

Имено, славната филмска Клеопатра и повеќекратно наградувана актерка Моника Белучи беше во брак со фотографот Клаудио Карлос Барос од 1990 до 1994 година. Ниту еден од нив никогаш не зборувал за тоа како се запознале, но се претпоставува дека првата средба се случила на снимање, со оглед на неговата професија и нејзиниот ангажман во модата и манекенството пред светската слава што ѝ ја донесе актерството.

Моника и Клаудио направиле скромна мала венчавка, на која присуствувале само семејството и пријателите. Тој настан не бил интересен за медиумите бидејќи во тоа време актерката почна да се здобива со популарност и да ги прави првите чекори кон холивудската кариера, пишува maredbiography.com.

Поврзани објави

Се разведоа во 1994 година, иако некои извори велат дека нивниот брак траел 18 месеци.

Сликата од венчавката изненади многумина бидејќи очекуваа поинаква сцена, а на Инстаграм се коментира дека таа секогаш избирала „мажи кои не ѝ се рамни во убавината“, иако тоа е сосема неважно за една врска и е крајно субјективна проценка.

Фото: Инстаграм