Почетна Убавина и здравјеСакате да го освежите лицето после сончање? Тогаш пробајте ги овие маски за лице, идеални за хидратација!

Сакате да го освежите лицето после сончање? Тогаш пробајте ги овие маски за лице, идеални за хидратација!

од nenad
2 минути читај за

Маските за лице се идеални за обновување на кожата. Сувост, затегнатост, лупење, нерамномерен тон – сето ова може да се појави ако поминувате премногу време на сонце, а маските за лице се брз начин за обновување на вашата кожа.

Кои маски за лице се добри после сончање?

Сите маски за лице кои хидрираат и имаат благи состојки кои не иритираат, во принцип се добар избор. Важно е веднаш по сончањето да нанесете хидратантна крема на лицето и да избегнувате козметика која предизвикува фотосензитивност во овој период.

Маските за лице треба да се користат не повеќе од два пати неделно. Дерматолозите препорачуваат производи кои содржат смирувачка алое вера или соја, хијалуронска киселина или глицерин и смирувачки шеа путер. Одлични се маските кои содржат витамини Ц и Е, кои делуваат како антиоксиданси за да помогнат во спречување на оштетувањето од сонцето.

Маски за лице после сончање кои можете да ги направите сами:

Маска за лице од алое

Состојки: гел од алое вера – 1/4 шолја.
Мед – 1 лажица.

Подготовка: Измешајте ги состојките и нанесете на лицето. Оставете 20 минути, исплакнете со ладна вода. Користете 2-3 пати неделно.

Поврзани објави

Маска од киви

Состојки: половина киви, исчистено, бадеми (мелени) – 8-10 гр., 1/2 лажица брашно

Подготовка: Измешајте ги состојките, нанесете на лицето, оставете да отстои околу 15 минути. Исплакнете со вода. Оваа маска можете да ја користите еднаш неделно.

Маска од краставица

Состојки: една лажица рендана краставица, 1 лажица мед, половина лажица јогурт.

Подготовка: Измешајте ги сите состојки и оставете 15-20 минути. Потоа исплакнете. Оваа маска може да се користи два пати неделно.

Маска од нане

Состојки: Листови нане, 2 лажици овесна каша, 1 лажица мед, малку розова вода само за да се направи паста.

Подготовка: Овесната каша и листовите нане сомелете ги на ситни трошки со помош на блендер. Додадете мед и розова вода. Промешајте. Нанесете на лицето и вратот. Масирајте неколку минути. Измијте се по 20-25 минути.