Почетна Убавина и здравјеСакате да го забрзате процесот на слабеење? Овие совети ќе ви помогнат за пократко време да ги намалите мастите на телото!

Сакате да го забрзате процесот на слабеење? Овие совети ќе ви помогнат за пократко време да ги намалите мастите на телото!

од nenad
2 минути читај за

Полека се ближи летото,  сите сакаме да изгледаме во топ форма и со леснотија да се шетаме по плажите во секси дводелно бикини. Со правилна исхрана и тренинзи, можеме целосно да си го трансформираме телото, а еве неколку совети кои ќе помогнат во намалувањето на мастите во телото.

Совети за да го забрзате намалувањето на мастите на телото!

Зголемете ја вашата термогенеза кога не тренирате

Поставете си цел колку чекори треба да правите секој ден и бидете конзистентни. Качувајте се по скали, паркирајте го автомобилот подалеку од работното место или симнете се порано од автобусот, заменете половина час на Netflix за пешачење со сакана личност.

Пијте повеќе вода

Нашите тела имаат потреба од вода за обновување, намалување на мастите, одлично влијае на кожата… Едноставно помага во одржување на целокупното здравје. Ако забележите дека вашето тело чува повеќе вода или сте подуени, пијте повеќе.

Намалете го стресот

Не можете да очекувате дека ќе слабеете ако нивото на кортизол во вашето тело е високо 24/7. Исто така многумина јадат повеќе кога се под стрес, особено благо, затоа пробајте да се опуштите и да го намалите нивото на стрес.


Поврзани објави

Спијте од 7 до 9 часа

Спиењето влијае на регулирањето и метаболизмот на неколку хормони – нивоата на хормонот за раст, мелатонинот, кортизолот, лептинот и грелинот. Лептинот е хормон, кој се создава во масните клетки и го намалува вашиот апетит. Грелинот е хормон кој го зголемува апетитот и има голема улога во телесната тежина. Тоа е причината што понекогаш чувствувате повеќе глад по лош сон.

Правете нешто во кое уживате

Јога, пилатес, тренинг со тегови, домашен тренинг… Структурираните тренинзи и прогресијата се супер важни ако сакате напредок, но на крајот на денот, ако не ги правите… нема да ви помогнат.

Фокусирајте се на внесување на протеини и растителни влакна

Бидете флексибилни со мастите и јаглехидратите во рамките на вашиот калориски дефицит.

Престанете да се двоумите и ангажирајте фитнес тренер

Фитнес тренерот може да го забрза вашиот процес на слабеење, се разбира доколку вистински ги следите советите кои ви ги дава.