98
– Макрон ја потврди посветеноста на Франција да работи, со своите европски и арапски партнери, на заедничка визија за мир која нуди безбедносни гаранции за Палестинците и Израелците, се вели во соопштението од француската претседателска палата објавено по телефонскиот разговор меѓу францускиот претседател и неговиот палестински колега Махмуд Абас.
„Овој процес би требало да ја вклучува перспектива за признавање на палестинската држава со практична структура“, додаде Елисејската палата.Разговорот меѓу францускиот и палестинскиот претседател дојде откако Норвешка, Шпанија и Ирска вчера официјално ја признаа државата Палестина.Вчера и Макрон се изјасни во корист на француското признавање на палестинската држава, но додаде дека тоа треба да се случи во вистинско време