Почетна МакедонијаПретседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова го прими Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кристоф Камп

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова го прими Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кристоф Камп

од nenad
1 минути читај за

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова го прими Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кристоф Камп кој, за прв пат е во посета на нашата земја по преземањето на функцијата во декември минатата година.

Говорејќи за улогата на ОБСЕ како организација чија основна улога е да превенира внатрешни, но и регионални немири и конфликти, високиот комесар изрази подготвеност за експертска помош во креирањето или иновирањето на правната рамка, доколку има интерес и барање од страна на македонските институции.

Изразувајќи благодарност за досегашната соработка, Гордана Сиљановска Давкова се согласи дека ОБСЕ може да помогне во забрзувањето на македонскиот, но и на западно-балканскиот евро-интегративен пат преку унапредување на заштитата на малцинските права, согласно фундаменталните документи за малцинствата.

Високиот комесар понуди експертиза на постојната национална регулатива за заштита на малцинските права, како и на нејзината имплементација. Тој ја потенцираше важноста на инклузивниот процес на одлучување на сите нивоа во кој секој припадник на било кое малцинство ќе има шанса да учествува.

Претседателката Сиљановска-Давкова ја истакна усогласеноста на нашата легислатива за малцинствата со највисоките стандарди за малцински права, но и потребата од поголема грижа за помалите малцинства, со оглед на нивната ранливост.

Обајцата ја истакнаа важноста на добрососедските и пријателски односи, чиј важен фактор е почитувањето на малцинските права.

Претседателката ја реафирмира идејата за изработка на компаративна регионална студија за гарантирањето и почитувањето на малцинските права во балканските држави, вклучувајќи ја и нашата.


Post Views: 23