Почетна ЕкономијаРусија е подготвена да се брани со сите средства, порача Лавров

Русија е подготвена да се брани со сите средства, порача Лавров

од nenad
1 минути читај за

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека се надева оти Западот „сериозно ја сфатил“ неодамнешната употреба на хиперсонична ракета против Украина и предупреди дека Русија е подготвена да ги искористи „сите средства“ за да се одбрани.

-САД и нивните сојузници, кои доставуваат оружје со долг дострел на режимот во Киев, мора да разберат дека ние сме подготвени да ги искористиме сите средства за да ги спречиме да успеат во, како што го нарекуваат стратешкиот пораз на Русија, рече Лавров во интервју со американскиот новинар Такер Карлсон објавено вчера во Москва. Лавров, исто така, рече дека за Русија е клучно Украина да не биде во НАТО бидејќи тој сојуз „не смее да биде на границите на Русија“.