Фото: Слободен печат /Ристе Пејовски
Иако државата располага со четири Ер-трактори за гаснење на пожари, тие се нефункционални поради тоа што нема кој да ги вози бидејќи двајца пилоти заминале во пензија а со само еден активен пилот авионите не смее да летаат, информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Како што вели Ангелов, до ваква ситуација дошло откако Владата не одобрила пензионираните пилоти да продолжат со работа со договор на дело.
– Денеска сме недоволно подготвени, но за максимум десет дена ќе бидеме драстично повеќе подготвени, бидеќи верувам дека веднаш по формирањето владата ќе помогне да бидат ставени во функција трите „Ер трактори“ и ќе биде решен проблемот на ЈП „Македонски шуми“, изјави Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање дали државата е подготвена за справување со летните шумски пожари.
Ангелов изјави дека во моментов Македонија не е подготвена за шумски пожари.
– Денес сме недоволно подготвени, но за максимум 10 дена ќе бидеме драстично подготвени, бидејќи верувам дека владата ќе помогне да се стават во функција трите ер-трактори.
Ангелов апелира да се вработат нови млади пожарникари.
-Апелирам до сите градоначалници да примаат млади луѓе кои што се здрави и можат да одговорат на гаснењето на пожари. Во овој момент просечна старост на пожарникарите е 42,5 години, изјави Ангелов.