Почетна Убавина и здравјеРечиси пола од населението има завршено факултет! – Убавина и здравје

Речиси пола од населението има завршено факултет! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Истражувачите откриле во кои 10 земји живеат најпаметните луѓе на светот

Образовните системи ширум светот значително се разликуваат, но едно ново истражување се обидело да одговори на прашањето кои земји имаат најпаметно население. Анализата зела предвид повеќе фактори, меѓу кои биле бројот на номинации за Нобелова награда, просечниот коефициент на интелигенција и степенот на образование на возрасните жители.

На самиот врв на листата се нашла Швајцарија, која остварила вкупно 92,02 поени од максималните 100. Оваа европска земја се истакнала со високото ниво на образование и високите академски резултати, што покажува дека станува збор за многу паметна нација. Дури 40,02 отсто од возрасните имаат завршено основни студии, што е највисокиот процент меѓу сите анализирани држави, додека 18,05 отсто поседуваат мастер-диплома. Просечниот коефициент на интелигенција во Швајцарија изнесува 99,24, а земјата има 1099 номинации за Нобелова награда.

На второ место се наоѓа Обединетото Кралство со 89,4 поени. Британија особено се издвојува со бројот на номинации за Нобелова награда, дури 2393. Речиси 40 отсто од возрасните имаат диплома по основни студии, додека 14,37 отсто поседуваат мастер-диплома. Просечниот коефициент на интелигенција изнесува 99,12.

Третото место го зазела Америка со резултат 89,18. САД имаат најголем број луѓе со номинација за Нобелова награда, вкупно 5717, како и најголем број универзитети поврзани со тие номинации. Околу 38,5 отсто од возрасните имаат диплома од основни студии, додека 14,79 отсто завршиле магистерски, а просечниот коефициент на интелигенција е 97,43.

На четврто место е Холандија со 87,3 поени и еден од повисоките просечни коефициенти на интелигенција – 100,74. Белгија е петта со вкупно 86,58 поени и просечен КИ од 97,49.

Поврзани објави

Европските земји доминирале на листата од десетте најдобри, заземајќи дури девет места. Меѓу нив се уште и Шведска, Германија, Полска, Данска и Финска. Особено се истакнала Финска која има највисок просечен коефициент на интелигенција од 101,20, додека Полска води според бројот на луѓе со мастер-диплома, со дури 22,31 отсто од возрасните жители.

Најпаметните земји на светот:
  • Швајцарија
  • Обединетото Кралство
  • Соединетите Американски Држави
  • Холандија
  • Белгија
  • Шведска
  • Германија
  • Полска
  • Данска
  • Финска

Основачот на платформата World of Card Games, Холгер Синдбек, истакнал дека резултатите јасно покажуваат колку долгорочното вложување во образованието и науката се клучни за развојот на општеството. Според него, земјите кои се наоѓаат на врвот на листата не се потпираат само еден фактор, туку истовремено развиваат универзитети, истражувања и достапност на високото образование.

Како што заклучува истражувањето, примерот на Швајцарија покажува дека големината на земјата не е пресудна, туку доследниот фокус на квалитетот на образованието и знаењето.

ФОТО: Lucrezia Carnelos / Unsplash