На денешната седница на Собранието, пратениците ги избраа Сали и Хоџа за нови министри во Владата на ВЛЕН. Двајцата положија заклетва пред претседателот на Собранието, со што официјално стапија на своите функции.
Промените се дел од редовната реконструкција на министерскиот состав, со цел подобрување на работењето на Владата и исполнување на изборните ветувања.
„Предлогот Мухамет Хоџа да биде избран за министер за животна средина и просторно планирање го ставам на гласање. Ве повикувам да гласате! Вкупно гласаа 72 пратеници, сите ’за‘, нема ниту еден ’против‘ ниту ’воздржан‘. Констатирам дека Мухамет Хоџа е избран за министер за животна средина и просторно планирање“, вели Африм Гаши, претседател на Собранието.
„Предлагам Беким Сали да биде избран за министер кој ќе раководи со Министерството за европски прашања и го ставам предлогот на гласање. Ве повикувам да гласате! Вкупно гласаа 71 пратеник, сите гласаа ’за‘, без ’против‘ и без ’воздржани‘. Констатирам дека Беким Сали е избран за министер кој ќе раководи со Министерството за европски прашања“, Африм Гаши, претседател на Собранието.
Владата на ВЛЕН, со новите министри, најавува продолжување на реформите и интензивирање на проектите од јавен интерес.