Почетна Убавина и здравјеНе мора ни да зборува за да ве освои – Убавина и здравје

Не мора ни да зборува за да ве освои – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Според астрологијата, неговата најголема предност не е изгледот, туку мистериозноста, самодовербата и начинот на кој знае да привлече внимание без воопшто да се труди.

Кога некој ќе им се допадне, едни веднаш почнуваат да размислуваат што да кажат, како да се однесуваат и со кој потег да остават впечаток. Но, според астрологијата, за еден хороскопски знак заведувањето доаѓа речиси природно – Шкорпијата.

Нивната тајна не е нужно во физичкиот изглед, туку во начинот на кој се однесуваат. Не откриваат веднаш што чувствуваат, внимателно ги набљудуваат луѓето околу себе и ретко ги покажуваат сите карти. Токму тоа кај другите создава љубопитност – сакате да дознаете што навистина се крие зад нивната воздржаност.

Еден поглед може да каже сè

Кога Шкорпијата ќе се заинтересира за некого, вниманието што му го посветува може да биде тешко да се игнорира. Наместо нападен флерт и постојани комплименти, често избираат суптилни сигнали – долг поглед, насмевка или неколку добро одбрани зборови.


Поврзани објави

Токму затоа другата страна може да остане во дилема: дали навистина постои интерес или само така изгледа? А таа неизвесност, според астрологијата, е еден од најсилните адути на овој знак.

Шкорпиите, наводно, не се луѓе кои очајно бараат нечие внимание. Ако им се допаѓате, ќе ви дадат до знаење дека сте им интересни, но нема веднаш да ви откријат сè. Таа мешавина од интерес и недостапност може дополнително да ја разбуди желбата кај другата личност да ги запознае подобро.

Затоа и не мора да бидат најгласни во друштвото за сите да ги забележат. Нивната привлечност, според астрологијата, доаѓа од самодовербата, интензивниот настап и мистеријата што ја оставаат зад себе. Додека другите бараат совршена реплика за да освојат некого, Шкорпијата можеби ќе направи многу помалку – еден поглед, неколку зборови и доволно мистерија за да ве натера да размислувате за неа.

Фото: Printskrin Youtube