Кучето кое со години го чекало својот сопственик завршило трагично, па добило споменик
Ниту еден споменик во Краков не го крши срцето онака како тој што му е посветен на Џок, кучето кое една година го чекало својот сопственик. Емоцијата на кучето е одлично доловена и речиси може да се почувствува неговата болка, бидејќи неговата приказна е многу тажна.
Човек по има Нико го спасил Џок од краковски азил во 1980-тите. Нивниот живот бил исполнет со прошетки, игри и љубов. Џок брзо се приспособил на новиот живот, трчкал низ градските паркови и важел за вистински мал херој. Толку многу го сакале сите, што сè уште се прераскажуваат некои од неговите авантури, иако можеби се само урбани легенди.
За жал, нивната среќа траела до 1990 година, кога Нико доживеал срцев удар во близина на кружниот тек Грунвалдцки, додека се шетал со Џок. Тука неговиот сакан пес го видел за последен пат, бидејќи не можел да појде со него, па останал да го чека на местото на несреќата. Меѓутоа, Нико починал и Џок останал сам, да го исчекува неговото враќање кое никогаш не се случило.
Многу луѓе се обидувале да го фатат, но неуспешно. Џок упорно ги одбегнувал луѓето и се враќал на своето место. Така живеел една година. На крајот, воспоставил посебна врска со една од луѓето кои се грижеле за него – Марија Милер. Живеел со неа и повторно бил сакан, сè до нејзината смрт, 8 години подоцна.
Поврзани објави
Како куче во зрели години, било одведено во азил, од каде што набрзо побегнало. Буквално целиот град се вклучил во потрагата по него, но неуспешно. Луѓето се жалеле дека не би дозволиле да го одведат кога би знаеле навреме.
Подоцна Џок бил пронајден мртов. Го удрило воз, иако се пренесува дека одбрал да умре од тага.
Споменикот на Џок бил подигнат во 2001 година, автор е познатиот Бронислав Кроми. Џок сега „седи“ во бронзени раце кои го штитат со натпис: „Џок – најверното куче, олицетворение на лојалноста.“
Исто како Хачико, Џок засекогаш останал симбол на вечната љубов – Краковскиот Хачико.
ФОТО: Инстаграм