Анџелина Џоли постигна уште една мала, но слатка победа во една од многуте тужби што таа и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит ги поднесоа еден против друг. Како што дознаваат американските медиуми, овој пат судот „заиграл“ во нејзина корист и му наредил на Пит да ги предаде сите документи со кои може да се докаже дека бил насилен кон актерката и нивните деца.
Очигледно некогаш омилената холивудска двојка е решена да се оцрнува пред јавноста, не избегнувајќи да удираат „што е можно пониско“, се за да се инаетат.
Џоли веќе го обвини Пит дека ја полил неа и едно од нивните шест деца со црвено вино и пиво во приватен авион. Патем, тој отсекогаш негирал дека бил насилник, а во негова корист била полициската истрага која го ослободила од таквите обвиненија, иако Џоли продолжила да тврди дека неговата „историја на физичко малтретирање“ започнала многу пред инцидентот во авионот.
Затоа, 49-годишната актерка побарала од судот да го принуди нејзиниот поранешен сопруг да открие се што се случувало од 14 септември 2016 година до 31 декември 2018 година. Овој доказ вклучува електронска пошта, СМС пораки, како и друга писмена комуникација, но не и негови разговори со адвокати или терапевт.
Таа поднесе нови докази до судот во јули, тврдејќи дека Пит се обидел да ја принуди да потпише договор за необјавување во вредност од 8,5 милиони долари за да ги прикрие „злоупотребите“, а нејзиниот правен тим побарал од судот да открие „приватна комуникација со трета страна“ за нивниот семеен лет со приватен авион, кој го имало во документите.
Судијката на Врховниот суд во Лос Анџелес, Лиа Мартин, застана на страната на Џоли, откако нејзините адвокати тврдеа дека документите ќе ги докажат нејзините тврдења дека Пит се обидел да ја принуди да потпише договор за необјавување.
Фото: Инстаграм Принтскрин @angelinajolie