Рамстор Македонија ги смета своите вработени за едно големо семејство и инвестира во нивниот поединечен и професионален развој, заедно со создавање на безбедна и здрава работна средина. Во текот на 17-те години од основањето, компанијата е пионер во успешни практики во малопродажниот сектор во Македонија, и задржува лидерската позиција во еднаквоста на можностите со стапката на вработени жени од 67%. Во компанијата владее динамична и партиципативна работна средина.
Просечната возраст на вработените изнесува 35 години, и тоа им овозможува младешка енергија за успешно работење во конкурентскиот сектор. Исто така, 40% од менаџерските позиции во компанијата се припаднички на женскиот пол.
Горди сме што на чело на компанијата стои успешна дама како Г-ѓа Даниела Адемоска, која ги поддржува и мотивира вработените да бидат силни и успешни. Основна девиза е “поддршката меѓу жените во бизнисот треба да е составен дел од бизнис-културата и дополнителен поттик за кариерниот развој на секој поединец”.
Според Адемоска, тајната на долгорочниот успех е “ако знаете што сакате, ќе најдете начин како да го остварите тоа”.
По повод на Меѓународниот ден на жената, Рамстор Македонија ги честита сите жени и нагласува дека трудот и поддршката на женскиот персонал се една од основните причини за растот, развојот и успехот на компанијата.